Миркуловски се радуваше против Хановер на Кузмановски, лоша вечер за Пешевски

Миркуловски

Екипата на Вецлар ја продлабочи кризата на Хановер и победи на домашен терен (26-24) во 19. коло од тековната сезона во Бундеслигата.

Македонскиот дуел му припадна на поискусниот Филип Миркуловски кој се израдува на бодовите против тимот на Филип Кузмановски. И двајцата денес не се појавија на теренот.

Екипите како да се истрошија во првиот дел (16-14), па снемаа „муниција“ во продолжението. Неефикасното надигрување во продолжението им одговараше на домашните ракометари, кои рутински ја сочуваа предноста.

Жарко Пешевски и неговиот Штугарт имаа гостување за заборав кај Гепинген (27-17). Кружниот напаѓач на македонската репрезентација имаше само еден непрецизен обид на оваа средба.