Миркуловски: Поразот од Лемго треба што побрзо да го заборавиме

Тимот на Вецлар го загуби можеби еден од најважните натпревари оваа сезона, затоа што во дуелот со директниот конкурент за излез на европска сцена, Лемго, на свој терен беше поразен со 21-27.

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски по натпреварот истакна дека овој пораз треба што побрзо да се заборави и мислите да се насочат кон дуелите кои што следат. 

„Натпреварот против Лемго треба што побрзо да го заборавиме и да гледаме напред. Пред нас претстојат тешки натпревари против Флензбург и Нордхорн. Во овој момент најважно за нас е да продолжиме да тренираме напорно и да останеме фокусирани на тоа што ни следи“, речи македонскиот ракометар.

Вецлар моментално е стациониран на шестата позиција на табелата, последна која што води во квалификациите за Европската лига, а за свои ривали во оваа борба ги има токму Лемго, како и Фуксе Берлин, Бергишер и Мелсунген.