Миркуловски подобар од Талески, нов пораз на Штутгарт на Жарко Пешевски

Во третото македонско дерби од почетокот на германскиот ракометен шампионат, Вецлар на Филип Миркуловски славеше на теренот на Балинген на Филип Талески со минимални 33-34 (16-19) во натпревар полн со драма и возбудувања. Ова е прв домашен пораз на Балинген по 19 месеци и серија од 29 победи, главно реализирана во втората Бундеслига. 

Двајцата македонски интернационалци, Миркуловски и Талески, постигнаа по еден погодок.

Штутгарт на Жарко Пешевски на домашен терен загуби од лидерот Хановер со 23-28 (9-15). Ова е четврти пораз од почетокот на сезоната на Штутгарт. Очекувана победа запиша Кил на теренот на Бергишер со 29-34, а Гепинген пред своите гледачи го надигра Минден со 26-23. 

Единствена екипа со максимален учинок останува Хановер на шпанскиот тренер Ортега со шест врзани победи од исто толку одиграни натпревари.