Миркуловски одличен, Вецлар очекувано поразен во Берлин

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски и неговиот Вецлар немаа сили за изненадување и во натпреварот од шестото коло на Бундеслигата загубија на гостувањето кај Фуксе Берлин со 35-27 (17-15).

Поранешниот репрезентативец одигра одличен натпревар, постигна три гола од исто толку обиди, одлично разигруваше и не трошеше топки, но „лисиците“ го покажаа својот квалитет на површина и стигнаа до очекувани бодови. Милош Вујовиќ со десет и Мијајло Марсениќ со пет погодоци се издвоија во победничкиот табор, а Бјорнсен со единаесет гола без промашување беше најдобар кај „зелените“ од Вецлар. 

Гостинска победа запиша Магдебург кај Кобург со 26-28, а Кил го декласира Минден со 41-26. Домашниот терен донесе бодови и за Мелсунген, кој го надигра Нордхорн со 33-28.

По шест кола на врвот на табелата се Флензбург, Рајн Некар Левен и Кил со по пет победи и еден пораз.