Миркуловски не настапи, Вецлар со победа се врати од Либек

Ракометарите на Вецлар ја запишаа втората победа во пет натпревари во новата сезона од германската Бундеслига. Екипата за која втора сезона настапува Филип Миркуловски го победи Либек на гостувањето со 17-22 (9-11).

Во текот на сите 60 минути „зелените“ од Вецлар водеа и не дозволија домашната екипа да се доближи. Миркуловски не настапи, а најефикасни во победничката екипа беа Бјорнсен, Херман и Колшрајбер со по 5 гола. Кај Либек се истакна Тим Рамер исто така со 5 гола. 

Првакот Рајн Некар Левен на Филип Талески утре му гостува на Гумерсбах од 19.30 часот.