Миркуловски и Вецлар не го доиграа мечот во Бундес поради шок на трибините

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски и неговиот Вецлар тргнаа во претстојното коло во Бундеслигата, но не го дочекаа крајот на средбата...

Вецлар гостуваше кај Бергишер, а дуелот беше прекинат во 51. минута при резултат 21-19 за Вецлар. Причината е шокот кој ги снајде ракометарите. Еден човек колабирал на трибините и во салата се случило акција за спасување.

Лекарите и другите гледачи брзо реагирале, а ракометарите биле шокирани. Токму затоа екипите одлучиле да не продолжат со натпреварот. Миркуловски беше на теренот, а дотогаш не се запиша во листата на стрелците, туку само асистираше.