ФОТО: Миркуловски фото-модел, Вецлар ги претстави дресовите за новата сезона! 

Ракометните подготовки за следната сезона се пред самиот почеток. Поголемиот дел од екипите веќе ги имаа првите прозивки, меѓу кои и тимот на Вецлар, клуб за кој настапува нашиот интернационалец Филип Миркуловски. 

Бундеслигашот вчера ги претстави дресовите со кои ќе атакува на победи во следната сезона, а меѓу моделите беше и поранешниот македонски репрезентативец. 35-годишниот Миркуловски од 2005 година е дел од тимот на Вецлар, а благодарение на неговата борбеност во двата правци, која е непроценлива, тој е еден од најомилените ракометари на домашната публика. 

Во минатата сезона Вецлар одигра одличен шампионат. Со 14 победи едно реми и 19 порази Бундеслигата ја заврши на високото десетто место.