• Зоран Мишевски
Вториот најдобар стрелец во нашата репрезентација, Филип Миркуловски, автор на пет гола во мечот, со само една реченица го анализираше вечерашниот трилер во Краков.
„Знаевме дека можеме да се носиме со „страшните“ домаќини. И покажавме. Можеби не ги победивме, но сигурен сум дека ладна пот ја облеа моќната полска нација“, напиша Филип Миркуловски на својот официјален Фејсбук профил веднаш по средбата.
Разочарување, умор, но и гордост може да се препознае во првото обраќање на ракометарот на Вецлар по поразот од Полска со 23-24.