Миркуловски крена нов трофеј, Вецлар стана рекордер на Хајде Куп

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски и неговиот Вецлар се радуваа на нов трофеј пред стартот на новата сезона во Бундеслигата.

Вецлар направи изненадување и во финалето на Хајде Купот славеше над фаворитот Фуксе Берлин (33-30). Со освоената титула, бундеслигашот влезе во историјата на ова натпреварување, како единствен тим кој успеал да го крене трофејот трипати низ годините.

Миркуловски како капитен на Вецлар го крена трофејот, а мечот го заврши без голгетерски учинок. Најефикасен беше Холст со седум гола, додека Чавор даде шест. Кај Фуксе, Марсениќ, Кох и Матес дадоа по четири погодока.

Претходно, Вецлар и Миркуловски се радуваа на титула и на „С-Купот“