• Зоран Мишевски
Во манир на спортист кој секогаш ја сака победата, Филип Миркуловски по мечот со Норвешка ги лоцираше причините заради кои не го совладавме скандинавскиот противник и мечот заврши само 31-31.
„Мислам дека ова сепак не беше нашиот најдобар натпревар на првенството. Примивме 31 гол, па одбраната треба да се запраша како тоа ни се случува. Игравме повторно многу лошо со играч повеќе, што исто така е фактор што не победивме. Прокоцкавме убава шанса да забележиме победа против една силна и физички одлично подготвена Норвешка. Што е, тука е, и продолжуваме понатаму, нѐ чека уште еден меч, на кој верувам дека ќе се радуваме“, заврши Миркуловски.
Македонија утре има слободен ден и ќе го подготвува дуелот со Рутенка и другарите в среда.






