• Горан Упале
Германскиот бундеслигаш Вецлар реагираше на лошите резултати во последниот период од сезоната и ги разреши од должност главниот тренер Франк Карстенс и помошникот Филип Миркуловски.
Поразот во четврток вечерта од Лајпциг беше осми во последните девет натпревари на Вецлар, па Карстенс и нашата ракометна легенда ја платија сметката на кризата и повеќе нема да бидат дел од стручниот штаб на бундеслигашот.
„Вецлар сака да им се заблагодари на Франк Карстенс и на помошниот тренер Филип Миркуловски за нивната напорна работа и им посакува сè најдобро во нивната лична и професионална иднина“, стои во соопштението на клубот.
Наследникот е веќе избран. Тоа ќе биде Момир Илиќ, кој првично требаше да го преземе тимот на почетокот на новата сезона, но поради новонастанатата ситуација уште викендов ќе му се приклучи на новиот тим.