Миркуловски и Јоновски поразени во Бундеслигата

Македонските интернационалци во Бундеслигата имаа лоша вечер, откако со своите клубов и Филип Миркуловски и Ацо Јоновски забележаа порази.

Составот во Вецлар доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Мелсунген, кој славеше со 29-22. Миркуловски, како и на претходниот меч за Вецлар имаше скромен ефект со оглед на тоа што само еднаш се запиша помеѓу стрелците.

Пораз, но за разлика од Вецлар, пред домашна публика забележа и Бергишер, кој минимално беше совладан од Гумерсбах со 23-22. Јоновски, како и вобичаено играше само во фазата на одбрана, па не успеа да се запише во листата на стрелци.