Миркуловски го постави конечниот резултат во победата на Вецлар

Екипата на Вецлар, во чии редови настапува Филип Миркуловски, во рамките на 22. коло од Бундеслигата дојде до лесна победа, откако пред своја публика славеше над Штудгарт со резултат од 26-20 (15-7).

Домашниот состав ја оправда фаворитската улога и лесно се справи со противникот, а победата беше најавена уште по првото полувреме кое што му припадна на Вецлар со резултат од 15-7.

Најефикасен поединец во екипата на Вецлар беше Максимилијан Холц сo 8 погодоци, додека Миркуловски мечот го заврши со 1 погодок, постигнат во 59 минута, што воедно беше последен на мечот за конечна победа од 26-20.