Миркуловски даде шест гола и го водеше Вецлар до триумф во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски имаше одличен натпревар за Вецлар во Бундеслигата и со тимот запиша нова победа.

Вецлар на домашен терен со 31-27 (18-12) беше подобар од Минден, а Миркуловски имаше фантастичен натпревар, еден од подобрите во Бундеслигата. Македонецот заврши со шест постигнати гола од осум обида и беше втор стрелец на својот тим.

Прво име кај Вецлар беше Холст со девет гола. Кај Минден најмногу се истакна Гулкисен со осум погодока. 

Вецлар ја прекина серијата од три порази во серија и се наоѓа на 14. позиција во германската елита.