Миркуловски: Да ја сочуваме самодовербата како и да заврши мечот со Франција

Филип Миркуловски на тренинг

Искуството на Филип Миркуловски ќе биде пресудно за исходот на мечот со Франција. И тој како и соиграчите го потенцира слоганот „Ние не се оптоваруваме со нивната, ќе ја играме нашата игра“. Ракометарот на Вецлар верува во чување на атмосферата и самодовербата меѓу ракометарите.

„Франција е европски, светски и олимписки првак, тоа говори против кој играме на стартот од ова првенство. Треба да ја играме нашата игра, секогаш имало многу изненадувања на стартот од натпреварувањата. Самодоверба пред натпреварите со Полска и Србија е тоа што најмногу ни треба во овој момент. Можеби доколку се обидеме да играме со само една замена или ако се враќаме експресно при полуконтранапад и контранапад, би имале некаква шанса“, вели Миркуловски. 

Мечот Франција – Македонија ќе го судат дански судии и скоро сигурно критериумот ќе биде енергичен и строг.