Миркуловски блесна, Вецлар триумфално се враќа од Гепинген

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски одигра една од своите најдобри партии за бундеслигашот Вецлар. По два порази во низа, „зелените“ на гостински терен го совладаа Гепинген со 22-24 (10-9) во рамките на 32. коло во Бундеслигата.

Средниот бек на Вецлар постигна четири гола и впиша уште две асистенции, па како еден од најдобрите поединци во тимот на Вецлар го заврши дуелот.

Марсел Шилер со седум погодоци беше најдобар стрелец во победничкиот табор.

Со оваа победа Вецлар се наоѓа на 12. место на табелата и сигурно во средината на табелата ќе го заврши шампионатот на Германија сезонава.