Филип Миркуловски безгрешен, Вецлар победи кај Хановер

Македонскиот интернационалец Филип Миркуловски имаше солиден натпревар за Вецлар, кој славеше победа кај Хановер (23-25) во рамки на германската Бундеслига.

Вецлар имаше позитива од четири гола по првиот дел, а во второто полувреме истата константно ја држеше.

Филип Миркуловски доби солидна минутажа на оваа средба и за истата успеа да запише три гола од три обиди, поради кои беше втор стрелец за својот тим. Исто така, македонскиот ракометар додаде и три асистенции.

Најдобар стрелец кај Вецлар беше Холст со десет гола, додека кај Хановер, Јохансен заврши со четири гола.