• Иван Димовски
Европската ракометна федерација - ЕХФ не прифати одложување и наложи според планот да се одигра натпреварот меѓу Словенија и Македонија во квалификациите за Европското првенство. Иако РФМ побара, не ѝ беше уважено барањето за одложување на средбата поради големата трагедија во која животот го загубија барем 58 лица и преку 150 се повредени по пожар во ноќен клуб во Кочани.
Нашите ракометари играа со црна трака преку ракавите на дресовите, а пред стартот на средбата имаше и минута молк во чест на жртвите.
- Минута молк пред стартот на натпреварот:
Овој натпревар се игра на најцрниот ден во историјата на независна Македонија.