• Горан Упале

Ракометниот клуб Вардар е првиот спортски колектив што се приклучува на кампањата „Спортистите на браникот на хуманоста“ и како дел од истата во салата во СЦ „Јане Сандански“ се реализираше крводарителска акција
Членовите на управата на клубот, стручниот штаб, дел од играчите на Вардар, и дел од навивачите се одзваа на повикот и ја покажаа хуманоста и свеста доброволно да се дарува крв.
„Како клуб сакаме да придонесме за подигнување на свеста за доброволното дарување крв и зголемување на бројот на крводарители, особено меѓу младите. Веруваме дека ова ќе биде мотив и другите клубови да се приклучат на кампањата“, велат од редовите на Вардар.
Кампањата се одвива во организација на Институтот за трансфузиона медицина, а на истата беше и Борко Ристовски, министерот за спорт и Садије Шанини, заменик нинистер за спорт.