• Зоран Мишевски

Шансите некоја македонска женска ракометна екипа да им се приклучи на ракометарките на Ѓорче Петров во второто коло на евро-куповите станаа реалност, откако ЖРК Чаир минимално загуби од косовскиот претставник Истогу во првиот од двата натпревари во рамките на првото коло. Истогу славеше со 34-33 (17-14) на косовско тло, во дуелот во кој номинално беше гостин, а утре исто така во Косово ќе игра и како домаќин.
На полувреме Избраничките на Басри Љатифи имаа негатива од три гола, на моменти се чинеше дека нема да се вратат и убедливо ќе загубат, но сепак покажаа карактер. Во последните десетина минути се менуваше резултатот од 2-3 гола предност за Истогу, до израмнување, за на крај дуелот да заврши со 34-34 за косовскиот тим.
Теодора Гуличоска со десет гола беше убедливо најдобар поединец кај ЖРК Чаир. Луна Коншалвес и Арлинда Динарица со по седум гола се истакнаа во победничкиот табор.
Реванш натпреварот меѓу овие два тима ќе се одигра утре во 17:00 часот. Од македонските претставници во ЕХФ Купот настапот го завршија ЖРК Металург и ЖРК Куманово.