• Горан Упале

По одличниот старт на сезоната, ракометарите на Охрид влегоа во мини-криза, која што им донесе лоши игри и четири врзани порази.
Сега, пред избраниците на Раде Стојановиќ е нов тест, што не смеат да не го положат. Во салата „Билјанини Извори“ гостува тимот на Прилеп, кој во Охрид патува по сигурната победа на дуелот со Радовиш. Српскиот бек, Алекса Милошевиќ, вели дека квалитетот на противникот е воочен и дека сè зависи од нивната игра.
„Се подготвуваме веќе десет дена за овој натпревар. Прилеп има добра и брза полуконтра и брз центар. Ќе се трудиме брзо да се враќаме во одбраната, да не дозволиме брзи голови. Гостите имаат квалитетна екипа, но мислам дека ние во првите шест кола покажавме дека имаме свој квалитет и дека сè зависи од нас. Како ќе го започнеме натпреварот, така и ќе се заврши“, истакна Милошевиќ.
Натпреварот меѓу Охрид и Прилеп се игра в среда, со почеток од 18:00 часот.