
Вардарци го забележаа вториот триумф во Лигата на шампионите, откако во Скопје беа подобри од шведскиот шампион Кристијанштад со 33-25. Голманот Дејан Милосављев, кој имаше 11 интервенции, вели дека сите од играчите ја исполниле својата задача.
„По Монпелје, веднаш почнавме да се подгтовуваме за Кристијаштад. Тие играат брз ракомет, а се опасни со брзите бекови и со полуконтрата. Овој меч беше дури поважен и од оној со Монпелје, пред нашата публика да се покажеме пред нашите навивачи. Секој го исполни своето, сите играа супер и го дадоа максимумот и така ќе продолжиме на секој натпревар до крајот на сезоната“, изјави Милосављев.
Тренерот Роберто Гарсија Парондо е задоволен од изданието на своите избраници.
„Многу сум задоволен од моите играчи, одиграа одличен меч. Играа моќно, со голем интензитет. Го решивме мечот во првите десетина миути и со тоа го направивме полесно продолжението. Им кажував на моите играчи дека Кристијанштад е сериозен тим, дека во Лигата на шампионите нема лесен ривал, но тоа што го говориме секој тренинг дека мора да се игра цел меч, моите ракометари го исполнија на овој меч“, вели Парондо.
Следна пречка за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде дуелот против унгарскиот првак Веспрем, каде од летово игра Арпад Штербик.