Милосављев: Не е важно колку одбрани имав, туку во кој момент одбранив

Gol.mk на SEHA Final 4

Со многу искуство и неспорен квалитет, Вардар го надигра Мешков Брест и со победата од 25-23 се избори за уште еден дуел за СЕХА-круната.

  • Извештај од натпреварот:

По натпреварот за Gol.mk Дејан Милосављев ги искажа емоциите од дуелот:

„Не е многу важно колку одбрани имав, туку во кој момент ги остварив. Некогаш е бадијала да имаш 15 одбрани, ако затаиш кога најмногу треба. Мислам дека пак покажавме дека сме група, дека имаме карактер и добивме на терен на кој не може да биде потешко да се добие. Гиневме еден за друг и можам да кажам дека сум горд на оваа екипа и на сите кои веруваа во мене“.

Вардар и ППД Загреб двапати играа финале во историјатот на СЕХА лигата. Во првиот дуел во Скопје, Хрватите извојуваа победа, но минатата година на истото место, но во салата „Јане Сандански“, македонскиот претставник се реваншираше и стигна до четвртата титула во регионалното натпреварување. 

  • Играч на натпреварот: