ВИДЕО: Милосављев ја одбрани клучната топка во победата над Рајн Некар

Дејан Милосављев беше клучна фигура во големата победа на Фуксе Берлин над фаворизираниот Рајн Некар Левен од 23-22. Поранешниот голман на Вардар вчера нанижа 15 интервенции и беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, а одбрани и шут во последните секунди, со што му ја обезбеди победата на клубот од Берлин.

  • Одбраната на Милосављев за победа на Берлин

Покрај Милосављев, во редовите на Берлин се истакна и Линдберг со девет голови, а поранешниот Вардарец Марсениќ постигна само еден. Од спротивниот табор, во таборот на Рајн Некар Левен најпрецизен беше Шмид со пет голови.

Милосављев минатата година во Вардар дојде како анонимец, но со „црвено-црните“ ја освои титулата во Лигата на шампионите и беше избран за најдобар голман на завршниот турнит. Србинот минатата сезона беше можеби и најдобар ракометар на Вардар со многубројни одбрани на натпреварите. За жал, Вардар не успеа да го задржи во своите редови поради прераното потпишување на договорот со Фуксе Берлин.