• Горан Упале

Милица Николиќ ќе во следната сезона ќ го носи дресот на македонскиот ракометен шампион Ѓорче Петров. Левиот бек, кој има и голема улога во дефанзивата во тимот, потпиша нов договор и останува дел од „лавиците“.
„Ракометниот клуб Ѓорче Петров-ЖРК го продолжи договорот со Милица Николиќ, која игра на позицијата лев бек, како и во одбраната на тимот“, стои во објавата на клубот.
Ѓорче Петров на доминантен начин уште еднаш ја освои титулата шампион на Македонија, а веднаш по завршувањето на сезоната сериозно работи на засилување на својот ростер, како и задржување на најдобрите ракометарки.
Во новата сезона македонскиот шампион ќе се натпреварува и во ЕХФ Европскиот Куп.