Милано: Многу сум среќен што можам да верувам на секој еден ракометар во тимот!

Ракометарите на Вардар по седимнаесетти пат го освоија Купот на Македонија победувајќи го Еурофарм Пелистер (31-27) во мечот за трофејот.

Во овој натпревар поголема улога презеде Томислав Јагуриновски кој даде клучни голови, но варадарци имаа и ротациски изненадувања. Во бековската линија во вториот дел главниот збор го имаше пониските играчи како Крсманчиќ, Николиќ, а и во првиот дел Вардар тргна со Гогов меѓу стативите. Тренерот Гиљермо Милано по победата се заблагодари на управата и нагласи дека верува во целиот свој тим.

„Најважно беше дека мораме да повториме од пред мечот, верував во моите ракометари и натпреварот беше во нивни раце. Сакам да му честитам на Пелистер за одиграното. Исто така и на навивачите, но и управата за одличната сезона која ја имаат. Верувам во сите мои ракометари. Имаме дваесет играчи и сите може да играат во овие натпревари. Сакаме да се заблагодариме на управата за добриот ростер, бидејќи навистина можам да верувам во сите од тимот“, изјави Милано.

Пред Вардар и Еурофарм Пелистер следниот викенд е уште едно дерби, а во него ќе се игра за суперлигашкиот трофеј.