• Иван Димовски
Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 ја започна новата аргентинска ера во клубот под тренерска палка на Гиљермо Милано.
51-годишниот стратег кој е селектор на Аргентина го свика и одржа првиот тренинг по комплетирањето на тимот по ЕХФ седмицата за репрезентативни настапи. Милано се запозна со ракометарите и сите останати околу екипата, па во добра атмосфера стартуваше неговата епизода на клупата на скопскиот клуб.
Во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ се одржа првиот официјален тренинг во аргентинската ера на Вардар. На него поштеда добија неколку ракометари кои се повредени.
Дебито на клупата на вардарци Гиљермо Милано ќе ја има в сабота против Струга во Суперлигата.