• Саше Љолес
Новиот тренер на Вардар 1961, Гиљермо Милано, ја даде првата изјава како предводник на „црвено-црните“ и рече дека едвај чекал да пристигне во Скопје и да го започне новиот предизвик во кариерата.
„Со нетрпение го oчекував доаѓањето во Скопје. Се запознав со ракометарите и веќе ги одработевме првите тренинзи. Морам да кажам дека како тим со кој ќе раководам имам вистински професионалци кои ми оставија одличен впечаток.
Првите впечатоци се одлични и очекувам дека ќе напредуваме на секое поле. Имаме период полн со натпревари, но верувам дека сите заедно ќе успеме во исполнување на поставените задачи“, изјави Милано.
Дел од ракометарите кои настапуваа за своите национални репрезентации се пожалија на мали повреди и тие ги пропиштија првите тренинзи неделава, но набрзо ќе се приклучат на екипата. Следни предизвици за Вардар се натпреварите против Струга во домашното првенство и против Валур во Европската лига на ЕХФ.