Милано: Целиот Вардар го „даде животот“ за тој последен гол!

Екипата на Вардар 1961 извлече бод на гостувањето кај Алкалоид (26-26) и останува на врвот на суперлигашката табела во плеј-офот, па и понатаму важи за фаворит за тронот.

Тренерот Гиљермо Милано вели дека е задоволен како неговиот тим реагирал во финишот, кога се креирал конечниот резултат и го коментира голот на Милан Лазаревски во последните секунди за реми.

„Одигравме тежок меч, во кој во првото полувреме имавме шанса со играч повеќе да се одлепиме, а потоа во второто поувреме имавме плус од четири, имавме шанса за пет, но не ја искористивме. Сами си ја искомпликувавме работата. Секако дека бодот ме радува и е позитивен во овој случај. Во еден тежок финиш дадовме два гола во една минута, по тајм-аутот игравме седум на шест, а потоа моите играчи го дадоа животот да го дадат тој последен гол. Задоволен сум како заврши дуелот“, ни изјави Милано.

Вардар на табелата има 13 бода, исто колку и второпласираниот Еурофарм Пелистер. Алкалоид е трет со ддевет бода.