• Мартин Танасковски
Македонскиот ракометар Милан Лазаревски си замина од Металург и кариерата ќе ја продолжи во Словенија каде ќе игра за еден од најамбициозните клубови Тримо Требње.
Кружниот напаѓач кој е роден во 1997 година за првпат го напушти Металург. Играше таму од стартот на кариерата и за него ова ќе биде втора нова средина како професионалец.
„Многу сум среќен што доаѓам во клуб како Тримо Требње. Се работи за сериозен и амбициозен проект. Одлично сум примен од соиграчите и се чувствувам одлично. Со нетрпение чекам на новиот предизвик“, изјави Лазаревски.
Во тимот на Тримо, Лазаревски ќе го менува повредениот Лан Грбиќ. Договорот меѓу двете страни е потпишан до крајот на сезоната.
Лазаревски е вториот Македонец во овој словенечки тим, затоа што тука настапува и бекот Тоше Ончев.