• Мартин Танасковски

Почесниот претседател на Вардар 1961, Михајло Михајловски, пред дербито со Еурофарм Пелистер им врачи подароци на Борко Ристовски и Столе Стоилов кои заминаа во пензија по крајот на минатата сезона, а имаше и свое обраќање до нив.
„Тажен сум бидејќи две вардарови ѕвезди веќе нема да играат во дресот на Вардар, но среќен што остануваат дел од клубот“, изјави Михајловски
Столе Стоилов сега ја има улогата на помошник-тренер во стручниот штаб на Владо Недановски, додека Борко Ристовски е директор на клубот.