• Зоран Мишевски
Иако ги нема многу, македонските ракометари играле во францускиот ракометен шампионат низ историјата. Од денес македонската колонија во земјата на ракометните професори од Франција е побогата за уште еден член.
Повремениот репрезентативец, Михајло Младеновиќ, кариерата ќе ја продолжи во францускиот Кретеј. Тој замина од Алкапоид на истек на договорот и потпиша двегодишен договор со францускиот второлигаш.
„Потпишавме двегодишен договор со Михајло Младеновиќ. Во потрага бевме по лев бек кој би се надополнувал со Давид Иглесијас и стручниот штаб се одлучи за Младеновиќ“, пишува клубо на официјалната веб-страница.
Младеновиќ со Алкалоид ги освои Купот и Суперкупот на Македонија, како и ЕХФ Европскиот Куп. Своевремено за Кретеј играше Борко Ристовски, а во Франција професионалниот леб го заработувале и Манасков, Петрески, Лазаров, Колев, Георгиевски...
