• Мартин Танасковски
Македонскиот ракометар Михаил Ивановски е блиску до трансфер во Горење Велење, пренесува „Хандбалиа“. 22-годишниот десен бек во текот на зимската пауза го напушти Алкалоид и се пресели во редовите на Ајдовшчина, каде за кратко време успеа да остави силен впечаток.
Во словенечкиот клуб брзо ги демонстрираше своите квалитети, покажувајќи одличен преглед на играта, разновидност во нападот и силен шут од бековската позиција. Ивановски зад себе има успешни шест месеци во дресот на Ајдовшчина, каде одигра 14 натпревари и постигна 65 погодоци.
Токму добрите партии му донесоа интерес од повеќе клубови, а најконкретен во намерата да го ангажира е Горење Велење. Доколку трансферот биде реализиран, тоа ќе претставува нов чекор напред во кариерата на младиот македонски ракометар, кој би добил можност да настапува за еден од најпознатите и најтрофејни клубови во словенечкиот ракомет.
