• Горан Упале

Победникот на македонскиот Куп, скопски Вардар ја потврди информација за повредата на својот прв голман. Мигуел Фереира Еспиња ќе паузира од четири до шест недели поради операција на коленото
„Црвено-црните“ извесен период ќе мора да настапува без својот голман од Португалија, кој во текот на неделата беше подложен на оперативен зафат на коленото.
Интервенцијата успешно ја изведе доктор Небојша Настов, а според првичните проценки, португалскиот чувар на мрежата ќе паузира меѓу четири и шест недели, по што ќе започне со постепен процес на рехабилитација и враќање во тренажен ритам.
Фереира Еспиња од почетокот на сезоната имаше повремени проблеми со коленото, кои го попречуваа да настапува со полн капацитет, па по консултации со медицинскиот тим на клубот беше донесена одлука проблемот да се реши со хируршка интервенција.








