Мифтари и Величковска добија капитенски улоги во ЖРК Чаир

Екипата на ЖРК Чаир информира дека во сезоната 2025/26 тимот ќе има нови капитени.

Прв капитен на македонскиот суперлигаш ќе биде репрезентативката Хана Мифтари, додека заменик на Хана ќе биде Габриела Величковска, која е и најискусната ракометарка во екипата.

ЖРК Чаир моментално е на одмор, а потоа следи враќање во погон и подготовки за настапите во еврокуповите на ЕХФ.