• Мартин Танасковски

Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска имаше феноменален натпревар во плеј-офот од францускиот ракометен шампионат. Нејзината Ница славеше над Мерињак по пенали (28-30), а Македонката беше главна за тоа.
Мицевска во пенал-рулетот фати четири пенали од четири шута на противничките. Поради победата, екипата на Ница патува меѓу најдобрите четири екипи во женскиот шампионат на Франција.
- Одбранетите пенали на Јована Мицевска:
Покрај Ница, пласман во полуфиналето обезбедија уште фаворитите Мец, Брест, а се чека на Флери или Нант.