Мицевска: Украина е ривал по мерка, сонуваме да се пласираме на СП

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот против Украина за пласман на Светското првенство. Избраничките на Љубомир Савевски веќе се подготвуваат за првиот дуел кој се игра во Скопје. 

Во пресрет на истиот, своето очекување од баражот го изнесе една од најдобрите поединки во таборот на Македонија, Јована Мицевска. 

„Се надевам дека можеме да се пласираме на едно Светско првенство. Сите сонуваме да бидеме дел од толку голем ракометен собир.

Украина е противник по мерка и можиме да се носиме со нив. Можеби предност е што првиот натпревар ќе го играме на домашен терен. Очекуваме поддршка за да ја оствариме целта. Дополнителна предност е и фактот што реванш мечот го играме на неутрален терен и верувам дека Македонија повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување“, изјави македонската голманка.

Македонија ќе ја дочека Украина в сабота во терминот од 19:00 часот, додека реваншот се игра три дена подоцна во Кишварда, Унгарија