• Сашо Поповски

Романија беше последниот противник за Македонија на овогодишното Европско првенство, кое го завршуваме со три порази во групната фаза.
Фановите беа задоволни од борбеноста на нашите ракометарки. Јована Мицевска по натпреварот го изјави следното:
„Тешко беше да се задржи Неагу, штета е што загубивме, се боревме до крај и верувавме во победа. Сепак, немавме среќа и загубивме. Посакувам секој спортист да добие шанса да игра на вакво првенство, а ние имавме среќа да играме на домашен терен. Се надевам дека во наредните квалификации ќе победиме и ќе се пласираме на Мундијалот, а тоа ќе го посветиме на навивачите“, рече Мицевска.
На првите два натпревари македонската селекција немаше одговор за Франција и Холандија.