Мицевска: Фокусот на подготовките беше дуелот со Турција, спремни сме за најдоброто издание

Ако има натпревар и противник против кој планира бодови на Европското првенство, тоа е Турција. Избраничките на Кристијан Грчевски се подготвуваат за дуелот со Турчинките и веруваат дека можат до бодовите.

Јована Мицевска откри дека подготовките беа насочени кон овој дуел, бидејќи по квалитет Турција е најбиску до нашиот национален тим.

„Не сум комплетно задоволно од првиот мој натпревар против Шведска. Имав единаесет одбрани, но можев и подобро. Сепак, не побевиме и не можам да бидам среќна.

За време на подготовките нашиот фокус го ставивме на натпреварот против Турција. Мислам дека сме спремни за нашето најдобро издание и да го оставиме срцето за победа. Ако победиме тоа многу ќе ни значи пред клучниот натпревар против Унгарија“, рече македонската голманка.

Дуелот меѓу Македонија и Турција се игра вечерва од 20:30 часот.