Металург заминува во Стара Пазова, ќе тестира со Војводина и Нексе

По мини-турнејата во Франција и неколкуте тест-натпревари во Автокоманда, македонскиот суперлигаш Металург главната фаза од подготовките за вториот дел од сезоната ќе го одработи во соседна Србија

Завршната фаза од подготовките поранешниот шампион ќе ги помине во Спорскиот центар на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова, каде ќе престојува од 17 до 22 февруари.

Во склоп на овие подготовки се планирани и две пријателски средби. На 18 февруари во Нови Сад ќе играме со Војводина, а на 20 февруари во Нашице ќе се сретнеме со екипата на Нексе Нашице.

Металург на последниот тест натпревар во Автокоманда извојува убедлива победа над Пролет, додека претходно загуби од шампионот Вардар.