Металург замина за Виена, Димитриоски без четворица ракометари против Фајверс

Продолжуваа маратонот на натпревари и патувања за македонскиот претставник во Европската лига, скопски Металург. Синоќа загубија од Чеховски Медвеви, а денес заминаа на пат за Виена, каде во вторник ќе се сретнат со Фајверс во натпреварот во кој полагаат големи надежи за прва европска победа сезонава.

Тренерот Оливер Димитриоски има проблеми со тимот, па на пат замина без повредениот Велко Маркоски и без Лазаревски, Тодески и Хорват. Така, Металург ќе наликува на тимот кој играше против првакот на Русија.

Експедицијата на Металург ќе патува во автобус, а утревечер ќе го одржи единствениот тренинг пред натпреварот. Дуелот со Фајверс се игра во вторник од 20:45 часот, а првиот натпревар во Скопје заврши со нерешен резултат,