Металург замина за Букурешт без Шпенде и Даниловски, но со повратникот Дупјачанец

По долгата пауза, Металург утре ќе одигра натпревар во СЕХА-лигата. Вицешампионот гостува кај екипата на Стеауа Букурешт, а овој натпревар е закажан за утре со почеток во 17:15 часот по македонско време.

Металург отпатува со редовната линија за Истанбул, а од таму ќе продолжи за Букурешт, каде ќе пристигне вечерва во 20:00 часот. Новини во тимот на Брестовац се приклучувањето на голманот Дупјачанец и неиграњето на повредените Шпенде и Даниловски. 

До крајот на февруари Металург ќе одигра уште еден напревар во ова регионално натпреварување, на 27 февруари во Србија против Железничар Ниш.

Последните две средби од тековната сезона во СЕХА-лигата, клубот од Автокоманда ќе ги одигра на 6 март во Словачка против Татран Прешов и шест дена подоцна во Скопје против Војводина.