Металург загуби добар голман, Арсиќ се сели во француски Трембле

Српскиот голман Дарко Арсиќ оваа полусезона ќе ја мине во Металопластика Шабац, а потоа се сели во Франција каде ќе ја чува мрежата на Трембле.

Амбициозната управа на францускиот прволигаш гради тим на долг план, а еден од ракометарите на кои се смета е и Арсиќ, кој потпиша двегодишен договор кој стапува на важност по крајот на сезоната, пишува „Балкан Хендбол“.

Арсиќ, кој има 28 години, беше прв чувар на мрежата на Металург и беше еден од најдобрите поединци на тимот во изминатата сезона од ракометната Лига на Шампиони.