Металург во полн состав натемпира форма на Копаоник

Екипата на Металург ги заврши подготовките за новата сезона кои ги имаше во Копаоник, Србија и се упати за Скопје.

Тимот од Автокоманда под водство на тренерот Дамир Стојановиќ имаше шестдневни подготовки, на кои работеше на висинските и базичните детали.

Сите ракометари беа на располагање и работеа во полно темпо, со исклучок на Реваз Чантурија, кој имаше повреда на задната ложа и тренираше полесно.

Наредната фаза од подготовките Металург ќе ја има во „Автокоманда“ во Скопје. Преодниот рок се уште трае и не е исклучено во тимот кој го освои Купот на Македонија да дојде уште еден нов ракометар.