Металург во Норвешка без Лино Червар

Лино Червар

Хрватскиот стратег на клупата на Металург, Лино Червар, нема да патува со тимот во Норвешка заради здравствени причини. 

Поради операција, разбивање на камен во бубрегот, Хрватот нема да биде во можност да ги води „металурзи“ на натпреварот против норвешкиот Елверум. Тој не беше на клупата и на дуелот од домашното првенство против екипата на Работнички. Предводник на скопската екипа ќе биде некогашниот македонски репрезентативец Александар Јовиќ.

На првиот натпревар, Металург беше подобар од Елверум со 22-19. 

Лига на шампиони (М), Група Д
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Динамо БукурештДинамо Букурешт 2 2 1 1 0 56:53 3 3
2 ГОГ Гудме ХандболГОГ Гудме Хандбол 1 1 1 0 0 33:24 9 2
3 Чеховски МедведиЧеховски Медведи 1 1 1 0 0 25:23 2 2
4 Кадети ШафхаузенКадети Шафхаузен 1 0 1 0 28:28 0 1
5 Висла ПлокВисла Плок 1 0 0 1 23:25 -2 0
6 КристијанштадКристијанштад 2 0 0 2 49:61 -12 0