Металург слави во Ѓорче Петров, ЖРК Деспина загуби во Куманово

Ракометарките на Металург победија на гостувањето во Ѓорче Петров со 17-28 (8-13), во пресметка која важи за една од поинтересните ова коло во женската Суперлига. 

Гостинските ракометарки бргу и полесно од очекуваното презедоа контрола и поведоа. Ѓорчепетровки се одржуваа во игра на стартот, ама до паузата заостанаа со пет гола дефицит. Слично беше и во продолжението, Металург одржи добро темпо и дојде до славје на крајот. 

Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Металург:

Мила Трајковиќ и Ива Младеновска со по седум погодоци беа најдобри на теренот од Металург. Кај Ѓорче Петров пак, Симона Стојановска даде шест, а Ана Марија Коларовска реализираше пет пати. 

Во истиот термин, во салата „Перо Наков“ во Куманово, домашната екипа лесно се справи со ЖРК Деспина со 30-19 (17-6). Пена Граматова го предводеше својот тим до победата со осум погодоци во противничката мрежа, додека ѝ помогна Зечевиќ со пет, како и Боризоска и Димитриевска со по пет гола.