Металург се засили со Немања Младеновиќ од Сесон Рен

Немања Младеновиќ

Екипата на Металург се засили на бековската позиција со младиот Немања Младеновиќ. Српскиот ракометар пристигна во Автокоманда од екипата на Сесон Рен, каде ги помина последните две сезони. 

“Металург уште е големо име кое значи во европскиот ракомет. Ме привлече можноста да работам со стручњак од калибарот на Лино Червар, како и можноста да играм во две силни лиги, Лигата на шампионите и СЕХА лигата, а тоа ретко кој клуб може да го овозможи. Во Металург препознавам млад и амбициозен тим, кој има многу простор за напредок, и јас сакам да бидам дел од еден таков проект“, изјави 22-годишниот Младеновиќ.

Во својата кариера, Младеновиќ има настапувано и во Бундеслигата, во екипата на Гумерсбах, каде замина на своја 15-годишна возраст. По две години во Германија, екипата го исклучи од ростерот поради недисциплина. Тоа го натера Србинот да бара нова средина, која ја пронајде во Франција, во екипата на Сесон Рен.