Металург првпат му зеде мерка на Вардар оваа сезона

ЖРК Вардар повеќе не е непоразен, затоа што го загуби дербито со ЖРК Металург (28-21) во натпревар кој се играше во салата „Автокоманда“ во рамки на Суперлигата.

Избраничките на Дамчевска беа на посакуваното ниво во второто полувреме и ја задржаа победата против градскиот ривал. Првиот дел беше изедначен (12-11), а главната разлика се направи кога од 21-20, домаќинот замина на 28-20.

Најдобра кај победникот беше Гугуљанова со шест, а Тасевска и Божиновска имаа по пет гола, додека кај ЖРК Вардар прво име беше Трпевска со шест, пред Диневска со пет постигнати гола.