Металург против Чеховски Медведи го отвора силниот турнир во Русија!

Поранешниот македонски ракометен шампион и долгогодишен вицешампион, Металург, го дозна возниот ред за претсезонскиот турнир во Русија

Тимот од Автокоманда од 16 до 19 август ќе биде дел од силниот меѓународен турнир во Чехово, а за свои противници ќе ги има екипите на Чеховски Медведи, Мешков Брест и на Стеауа.

Распоред на турнирот:
16 август (петок)
16:30 - Мешков Брест – Стеауа
19:00 - Чеховски Медведи – Металург

17 август (сабота)
14:00 - Металург – Мешков Брест
16:00 - Стеауа – Чеховски Медведи

18 август (недела)
14:00 - Стеауа – Металург
16:00 - Чеховски Медведи – Мешков Брест

Турнирот во Чехово ќе се игра во спортската сала „Олимпијскиј“, која е со капацитет од 3.000 места.

Металург во новата сезона во која ќе се натпреварува во Суперлигата и ЕХФ Купот ќе има нов лик, затоа што остана без неколку стандардни првотимци (Шпенде, Димитриевски, Маџовски, Велковки...), а своите редови ги засили со Иракли Кбилашвили, Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ, Реваз Чантурија, Маријан Мариќ и чуварот на мрежата Даниел Ѓоргески.