Металург покажа две различни лица и минимално загуби од Војводина

Во склопот на подготовките во Стара Пазова, екипата на Металург вечерва го одигра првиот контролен натпревар и во Нови Сад загуби минимално од српскиот шампион Војводина.

По голема борба, победата ѝ припадна на домашната екипа, која на крај славеше со само еден гол разлика 33-32 (14-19).

Металург денеска одигра две различни полувремиња. Во првиот дел прикажа одлична игра во која го надигра противникот, имаше постојана предност, и на полувреме замина со предност од пет голови, 14-19. Но, во второто полувреме го расипа впечатокот и го загуби натпреварот.

На 20 февруари Металург ќе одигра уште ден контролен натпревар, овој пат во Нашице против тимот на Нексе, кој е противникот на Вардар во четвртфиналето на СЕХА лигата.